недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 0
home Економија

Колозова: Уметникот ДДВ обврзник не можеш да го сториш – не е стопанска дејност

Колозова: Уметникот ДДВ обврзник не можеш да го сториш – не е стопанска дејност

(ФБ статус на Катерина Колозова)

Мене ми е сосема логично да има прогресивно даночење, но авторското дело е категорија спротивна на стопанска дејност, и според право, и според здрав разум и според принципите на секоја нормална правна држава. Не за џабе за наука, култура, образование, спорт има пониска стапка персонален данок (да не повторуваме зошто, тоа се работи кои и децата ги знаат). Е сега разбирам да го оданочиш повеќе уметникот кој заработува милионски суми, но со тоа што ќе му го покачиш персоналниот – разбирам прогресивност во персоналното даночење, но ова со „престорување“ во стопанска дејност нешто што не е тоа, тоа не го разбирам. ДДВ обврзник не можеш да го сториш – не е стопанска дејност. Покачи му го персоналниот, дуплирај го ако сакаш, триплирај го… но не можеш да го направиш нешто што според закон не е – вршител на стопанска дејност.

Коронавирус