четврток, 17. октомври 2019. Вести денес: 0
home Економија

Колку поскапе дизелот: Од полноќ почнаа новите цени на горивата

Колку поскапе дизелот: Од полноќ почнаа новите цени на горивата

Од синоќа на полноќ возачите ќе точат дел од горивата по нови цени, но и дел од црното злато ќе остане со истата цена, како претходната недела.

Регулаторната комисија за енергетика вчера напладне одлучи да ја зголеми цената на дизелот за половина денар, и од синоќа на полноќ тој се точи по цена од 62.00 денари за еден литар.

Додека бензините остануваат и ова недела со иста цена како и претходната, така што за еден литар „Еуросупер БС 95“ ќе треба да платите 69,5 денари, додека за „Еуросупер БС 98“ ќе треба да платите 71,5 денари за еден литар.

Екстра лесното масло за домаќинство од синоќа на полноќ ве чини 52,00 денари за литар.

Регулаторна одлучи да го поскапи и мазутот и еден килограм се продава за 33,343 денари.