сабота, 11. јули 2020. Вести денес: 98
МЕГА БОМБА

Заев договора да паднат судски предмети, „позадински комбинациите се правени со Катица, Оливер, со Радмила“

home Економија

Кој ќе има најголем ќар од градбата на нова фотоволтаична електрана во Осломеј од 2х50 MW со јавно приватно партнерство?

Кој ќе има најголем ќар од градбата на нова фотоволтаична електрана во Осломеј од 2х50 MW со јавно приватно партнерство?

Техничкиот премиер објави дека АД ЕСМ ( поранешното АД ЕЛЕМ) има објавено јавен повик за јавно приватно партнертство за изградба на нова 2х50 MW фотоволтаична електрична централа во РЕК Осломеј. Веста не е нова, бидејќи за истата работа се сликаа и Заев и Анѓушев пред да си одат, па сега и Спасовски по трет пат ( веројатно заради онаа поговорка „трета среќа“, за да  им тргне работата на шампионите во енергетиката).

Наводно ова е многу поволно за АД ЕСМ и тоа ќе носи приход од околу еден милион евра на годишно ниво. Јавното приватно партнерство се склучува за 35 години.

Наведени се обврските кои ќе ги има АД ЕСМ со ваквиот договор и тоа:

  • АД ЕСМ ќе го даде на користење земјиштето во кругот на РЕК Осломеј како местоположба за изградба на новиот енергетски објект,
  • балансирањето во системот е обврска на АД ЕСМ и
  • други системски услуги и информации што може да биде обезбедување на приклучокот на електропреносниот систем ќе го организира АД ЕСМ.

Обврските на идниот приватен партнер се следни:

  • се обврзува да преземе 100 работници од РЕК Осломеј во новата електрана.

Ова и не е некоја посебна обврска туку олеснување за приватниот партнер затоа што работници мора да има, а вака АД ЕСМ му ги обезбедува и тоа со стручни квалификации какви ќе му бидат потребни.

Иако ова се малку информации доставени преку јавните гласила, сепак оставаат многу простор за дискусија.Изградбата на нови електроенергетски објекти од обновливи извори е светски тренд и тоа овде единствено е позитивно.

Ако се анализираат одредени состојби од оваа инвестиција во ваков облик за јавно приватно партнерство, може да се дојде до интересни заклучоци.

Финансиската состојба на инвестиција за двата партнери:

  1. Прво чистата приходна страна.

Ако АД ЕСМ добива 1.000.000 евра годишно и тоа е 10% од продадената електрична енергија, значи дека годишен приход за новата електрана е 10.000.000 евра.

За сметка на тоа, Приватниот партнер за време на траење на јавното приватно партнертство од 35 години ќе инкасира вкупно 350.000.000 евра,

Од овие пари АД ЕСМ би добил 35.000.000 евра и за приватниот партнер би останала чиста добивка од 315.000.000 евра.

  1. Трошоците за поедините партнери.
  • за АД ЕСМ трошоци може се следни:
  • уредување на земјиштето ( околу 1.500 ха) и пристапни патишта со користење на надворешна механизација (булдожери, ровокопачи, камиони и слично) бидејќи сопствена нема и тоа по слободна проценка би стигнало минимум 2.000.000 евра
  • трошоци за балансирање на електрична енергија кои по изјавите од прес конференција на одговорните лица на АД ЕСМ се околу 80.000 евра годишно, што значи за 35 години би чинело 2.800.000 евра.
  • со претпоставено обезбедување на приклучокот на преносната мрежа од страна на АД ЕСМ, ќе има трошоци за енергетски трансформатори и постројки на 110 кВ напонско ниво, како и останати електроенергетски постројки со сопствен персонал од околу 200 вработени, и на годишно ниво тоа би чинело околу 3.000.000 евра, или за 35 години 105.000.000 евра,
  • во текот на овие 35 години мора постојните енергетски трансформатори и електроенергетската високонапонска опрема да се заменат со нови бидејќи се прилично амортизирани и на крај на нормален експлоатационен век на траење. Тоа како нова инвестиција АД ЕСМ ќе го чини околу 4.000.000 евра.

Согласно ова трошоците на АД ЕСМ за 35 години изнесуваат 113.800.000 евра додека прикажаната добивка е 35.000.000 евра. Резултатот е загуба од 78.800.000 евра.

  • Трошоците на идниот приватен партнер би биле:

 

  • Трошок за земјиштето како уредување, купување или земање под закуп еднаков на 0 (нула) евра.
  • Трошок за изградба на 2×50 MW фотоволтаичните централи според сегашни пазарни услови максимален 63.000.000 евра.
  • Трошок за одржување на фотоволтаичните системи практично нема, освен повремена замена на некој оштетен инвертер или панел и трошоци за плати на вработените годишно околу 1.000.000 евра што значи вкупно 35.000.000 евра за 35 години.

Согласно ова, Приватниот инвеститор би имал вкупно 98.000.000 евра трошок за период од 35 години додека добивката е 315.000.000 евра. Резултатот излегува дека добивката за приватниот инвеститор за овој период од 35 години е 217.000.000 евра.

 

Што со  РЕК Осломеј и вработените во овој комбинат?

Немаше ниту збор за судбината на РЕК Осломеј и вработените во овој енергетски објект. Има само информација дека ќе се преземат 100 вработени од РЕК Осломеј во новата електроцентрала и ништо повеќе. Прашањето е сега што со останатаите 1000 вработени? Ако нема рудник бидејќи на негово место се гради фотоволтаичната централа значи дека РЕК Осломеј престанува со работа. Евентуално околу 200 работници претежно од електро делот би останале како одржување на високонапонските постројки додека сите други работници од рудникот, котловските постројки, турбинските постројки и помошни постојки, вкупно околу 800 работници би останале со нерешен статус или без работа.

 

Исплатливост на јавно-приватно партнерство или самостојна градба

Од погоре искажаните анализи се поставува дека вака дефинираното јавно приватно партнерство е на голема штета на АД ЕСМ.

Последиците кои ќе ги има АД ЕСМ за овој период од 35 години се:

  • Загуба од 78.800.000 евра,
  • Отпуштање како вишок на 800 работници со сите последици од социјален аспект и
  • Престанок на работа на РЕК Осломеј

 

Приватниот партнер ќе има следно за овој период од 35 години:

  • Чиста добивка од 217.000.000 евра.

 

Заклучок

Многу е поисплатливо и општествено покорисно АД ЕСМ сам да ги гради овие фотоволтаични централи при што придобивките се следни:

  • финансиска добивка од 138.200.000 евра како разлика од вкупната добивка на приватен партнер и загуба на АД ЕСМ – (217.000.000 – 78.800.000= 138.200.000)
  • вработените ќе ги задржи во редовен работен однос и ќе ги користи во градба на новите објекти
  • РЕК Осломеј ќе може да биде во погон се додека има можности за снабдување со погонско гориво.

Заклучокот дека  АД ЕСМ треба сам ги гради овие фотоволтаични централи е уште поиздржан со оглед на претходно кажаното од страна на  ракводството на АД ЕСМ, дека компанијата е во одлична финансиска состојба каква што никогаш до сега не била и има голем остварен приход од продажба на електрична енергија и економичност во работењето.

Зошто тогаш ваква ликвидна компанија би ја носеле во загуба?

 

 

Парламентарни избори 2020