вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 110
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Економија

Кочоска открива скандалозно трошење на СДСМ пред избори: За само два месеци од 2020 година власта го зголемила дефицитот за 70 милиони евра

Кочоска открива скандалозно трошење на СДСМ пред избори: За само два месеци од 2020 година власта го зголемила дефицитот за 70 милиони евра

Дополнителната заменик министерка за финансии Гордана Димитриевска Кочовска во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа на јавноста и откри детали за состојбата во која се наоѓа државната каса во овие услови на светска пандемија на опасниот коронавирус. Таа истакна дека во изборна година со единствена цел купување на глас повеќе, дефицитот во буџетот за првите два месеци пораснала за неверојатни 70 милиони евра.

Кочовска посочи дека не верува дека 700 милиони евра задолжување ќе бидат доволни за да се покрие буџетската дупка. Нејзините пресметки и пресметките на нејзинот кабинет укажуваат на тоа дека Македонија ќе треба најмалку да се задолжи дополнителни 1,2 милиони евра за да ја преброди корона-кризата, задолжување кое може да достигне и до 1,7 милиони евра нето долг.

Сега за засега таа открива дека Македонија бара 600 милиони евра во кредити, а колкава ќе биде еврообврзницата ќе зависи од буџетскиот дефицит.

Кочовска потенцираше дека сега засега никој не прави калкурација во делот на расходите, туку сите калкулации за задолжувањето се прават во однос на приходната страна на буџетот.

Коронавирус