вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 110
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Економија

Кочоска: Голема грешка ќе беше да се намалат платите на администрацијата

Кочоска: Голема грешка ќе беше да се намалат платите на администрацијата

Во вечерашното гостување во телевизија Алфа, дополнителната заменик министерка за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска истакна дека голема грешка ќе беше доколку се спроведеше планот на Зоран Заев за кратење на платите во јавната администрација.

-Сметам дека ќе беше голема грешка платата за администрацијата да беше сведена на 14.500 денари, вели таа.

Според неа тоа е последното нешто кое треба да се случи со оглед на тоа што во ставките на буџетот постои голем број на други трошења кои можат да бидат скратени.

-Последно што треба да се случи е да се намали платата на администрацијата. Јас пак ќе кажам вие во буџетот кога ќе го погледнете има простор и има ставки за кратење . Јас се сеќавам кога седнавме првиот пат да разговараме со министерката кога требаше да ги потпишам овие писма и зборувавме за кризата и велам, министертвото за здравство треба да има се, да не му се ускрати се, додаде таа.

Коронавирус