вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 106
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Економија

Кочоска: Државата ќе мора да се задолжи за да му помогне на приватниот сектор на кој му недостасува ликвидност

Кочоска: Државата ќе мора да се задолжи за да му помогне на приватниот сектор на кој му недостасува ликвидност

Државата ќе мора да се задолжи за да му помогне на приватниот сектор истакна дополнителната заменик министерка за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска во своето гостување на телевизија Алфа. Според неа стопанството се соочува со сериозни проблеми поради пандемијата на коронавирусот и на приватниот сектор му недостасува ликвидност. Фирмите во овој период отежнато можат да дојдат до кредит во банките па според неа решението е државата да се задолжи за да со финансиска инекција му помогне на бизнис секторот.

-Јасно е дека на стопанството му фали ликвидност и сега тука е целиот проблем. Или државата ќе се задолжи за да го врати повратот на ДДВ за да ги плати долговите кон приватниот сектор. Втората опција е приватните фирми да појдат сами во банките и да побараат кредити. И сега се поставува прашањето, одите вие во панка, прво да кажеме дека само 35 проценти од приватниот сектор користат кредити, останатите не. И знаете сега во овие услови вие да појдете во банка, да кажете тешко ми е ми треба кредит, јас не верувам дека некоја банка ќе влезе во таква зделка затоа што таа прво гледа да си ги спаси постоечките клиенти. И фирмите од тој аспект имаат проблем и единствено што останува е државата да се задолжи кај НБРМ и таа да ги пласира на фирмите, вели таа.

Коронавирус