понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 135
home Економија

Ќе има ли годинава летни одмори, и како би се одело на плажа

Ќе има ли годинава летни одмори, и како би се одело на плажа

Празни аеродроми и опустошени туристички центри. Експерите предвидуваат огромни загуби за туризмот во светски рамки. Предвидувањата се дека Европа поради корона вирусот во овој сектор ке претрпи штети и до 400 милијарди евра. Шефицата на Европската комисија оптимистички најави дека ке се изнајде паметно решение за проблемот иако самата неколку дена претходно им препорача на граѓаните на ЕУ да не планираат одмори. Комисијата во моментов подготвува насоки како постепено да отворат внатрешните граници во Унијата, додека пак за надворешните се предлага тие да останат затворени до 15 мај, анализира Сител.

Во недостиг на вистински решенија информации, останува нејасно како би изгледале летните одмори ако се земат предвид рестриктивните мерки кои ги наметна болеста, социјалната дистанца, но и непредвидливоста на епидемијата. Хотелиерите во Грција очекуваат сезоната да почне во јули, а грчката владата најави дека туристите при влегување би требало да имаат здравствена потврда од својата матична земја дека се негативни на ковид. Португалија и Холандија размислуваат за рестрикткции при влезот на плажите. Дел од земјите се обидуваат проблемот да го решат на билатерално ниво. Австрија веке најави дека ке ги отвори вратите за германските туристи. Хрватска и Чешка разговараат за можноста чешките туристи со специјални коридори да се донесат до јадранските плажи. Црногорските туристички работници пак се радуваат на фактот дека традиционалните српски гости не ги откажуваат своите претходни аранжмани. Во Македонија надлежните велат дека будно ја следат ситуацијата со корона вирусот, но најавуваат дека фокусот оваа година ке се стави врз домашниот гостин и на онлајн угостителството.

Локални избори 2021