среда, 30. септември 2020. Вести денес: 72
home Економија

Катастрофална статистика: Во октомври за 31 отсто помалку градби отколку лани

Катастрофална статистика: Во октомври за 31 отсто помалку градби отколку лани

Во октомври годинава за 31 отсто се издадени помалку одобренија за градење во однос на октомври лани.

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во октомври се издадени 276 одобренија за градење.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 158 или 57,2 отсто се наменети за објекти од високоградба, 48 или 17,4 отсто за објекти од нискоградба и 70 или 25,4 отсто за објекти за реконструкција.

Од вкупно 276 објекти, на 157 или 56,9 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 119 или 43,1 отсто објект инвеститори се деловни субјекти.

 

Коронавирус