четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 169
home Економија

Катастрофален пад од 95 отсто на бројот на странски туристи во однос на ланскиот јули

Катастрофален пад од 95 отсто на бројот на странски туристи во однос на ланскиот јули

Коронакризата тешко го погоди македонскиот туризам, што го отсликува и драматичното намалување за дури 94,9 проценти на бројот на странски туристи во јули годинава во однос на истиот месец минатата година.

Станува збор само за 4.991 странец што ја посетил Македонија пред два месеца, остварувајќи вкупно 15.333 ноќевања, што е пад од 93,4 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Туристите од Турција со 15 проценти биле најбројни меѓу странските посетители во јули, следуваат тие од Србија со 12,3 отсто, а Грците се трети со 9,8 отсто.

Бројот на домашни туристи во јули достигна 70.600 или 4,8 проценти помалку од ланскиот јули. Тие остварија 420.847 ноќевања, што е пад од 6,3 отсто.

Коронавирус