вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 1
home Економија

Каде плови „овој брод“?

Пишува: проф. д-р Лазар Јовевски
Каде плови „овој брод“?

Може да кажеме дека во претходниве три години според економските параметри се’ оди надоле, единствено расте сиромаштијата! Главните аргументи на СДСМ за настапот на следните избори се дека растат платите, се намалува невработеноста, се зголемува животниот стандард на граѓаните, се намалува нееднаквоста и дека небаре во Македонија се случува социјална ренесанса. Но, ова е далеку од вистината и истото го потврдуваат независни меѓународни угледни извори, како и Државниот завод за статистика.

Невработеноста кај младите е 44,7 % што е трето место во светот, а невработеноста воопшто е највисока во Европа! Во ПИОМ починати пензионери добиле пензија од 2,5 милиони евра, повеќе од 10000 барања за туѓа нега на граѓаните се заглавени и не се решаваат, на 12000 граѓани со години не им биле префрлани средства во вториот пензиски фонд, а не знаеме како заврши оваа афера. Минималната пензија е зголемена за 36 денари, а на раководни места се поставуваат лица без соодветно законско образование кое се бара согласно законите, се манипулира дека 300% е зголемена социјалната помош, а всушност станува збор за комулирање на парични давања по разни основи во пакет на социјални услуги и доколку повеќе членови од семејството земаат истовремено помош!. Покрај се, се вели дека пензиите ќе се покачат за 700 денари во 2020 додина, а во 2019 година на пензионерите им се укина покачување во просек од 8400 денари на годишно ниво.

Што се однесува до сиромаштијата, Државниот Завод за статистика ги објави податоците за Лаекен индикаторите на сиромаштијата во 2018 година. Основа за пресметките на сиромаштијата се приходите, а прагот на сиромаштијата е дефиниран на 60 % од медијалниот еквивалентен приход.

Како што може да се види од Графконот со број 1, Сиромаштијата во Македонија со доаѓањето на СДСМ на власт стагнира. Имено, позитивниот тренд кој започнал во 2010 година е прекинат во 2016 година.

Извор: Државен завод за статистика

Најранливи остануваат семејствата со три и повеќе деца, каде процентот на сиромаштија во 2018 година е повеќе од 52%, што претставува влошување во однос на претходната 2017 година. Очигледно укинувањето на надоместокот за трето дете веќе дава негативни резултати.

Дополнително правиме компаративна анализа за да видиме каква е сиромаштијата во Република Македонија во споредба со соседните земји и останатите земји во транзиција. Европската стратегија 2020 за социјална инклузија и намалување на сиромаштијата има за цел над 20 милиони луѓе да помести надвор од зоната на сиромаштија и социјална исклученост. Во овој индикатор[1] влегуваат граѓаните кои се сериозно материјално не обезбедени или живеат во семејства со ниско ниво на работен интензитет.

Како што може да се види од графиконот со број 2, Република Македонија во 2018 година има најлош резултат споредено со соседните земји, како и останатите земји од Југоисточна Европа. На овој графикон правиме споредба кај лицата кои се под прагот на сиромаштија, односно лица кои се во ризичната група да бидат сиромашни.

Извор: Еуростат

Согласно динамичките податоци презентирани на графиконот, евидентен е надолен позитивен тренд до 2015 година, кога нивото на сиромаштија во Република Македонија било слично како во Србија, Црна Гора, Романија и Бугарија. Но што се случува во 2018 година? Република Македонија е рекордер и забележува највисоко ниво на сиромаштија споредено со земјите од окружувањето и Југоисточна Европа.

Погрешните економски и социјални политики на оваа Влада се согледуваат и преку коефициентот Џини. Владата токму за да ја намали нееднаквоста, воведе прогресивен данок, очекувајќи намалување на Џини коефициентот.

Извор: Државен завод за статистика

На Графиконот 3 е прикажан Џини коефициентот за периодот 2010-2018 година. Како што може да се заклучи, нееднаквоста односно Џини коефициентот опаѓа во анализираниот период односно во периодот на низок рамен данок, а следствено може да се заклучи дека промената на даночниот систем беше погрешна.

Ова е за 2018 годна! За жал сите индикатори велат дека 2019 година ќе биде во сите аспекти на економијата, и социјалната политика полоша од претходната.

Сето ова погоре кажано, всушност упатува на погрешните социјални политики на Владата на СДСМ. Укинувањето на голем број мерки, меѓу кои веќе споменатиот надоместокот за трето дете, како и останатите не конвенционални мерки не придонесуваат за пад на сиромаштијата и позначајно намалување на нееднаквоста,туку за нејзин раст, економски пад, социјална реформа која допрва ќе ги покаже негативните аспекти, при што на крајот „големото финале“ ни се случува преку епидемија на иселување од земјата, поголемо од времето на Турската Империја.

 

[1] За повеќе детали:  https://ec.europa.eu/eurostat/databrowser/view/t2020_50/default/table?lang=en

Коронавирус