четврток, 6. мај 2021. Вести денес: 197
home Економија

Јосифовски за Курир: Мерките не го дадоа бараниот и очекуван ефект на помош за угостителската индустрија

Јосифовски за Курир: Мерките не го дадоа бараниот и очекуван ефект на помош за угостителската индустрија

Досегашните мерки за помош и поддршка на економијата во справувањето со последиците од пандемијата Ковид-19 како што самите укажуваат помогнаа за одржување на домашната економија, но реално не го дадоа бараниот и очекуван ефект на помош за угостителската индустрија како индустрија која е најпогодена и најмногу настрада во оваа глобална здравствена криза, вели за Курир претседателот на Независната угостителска комора, НУК, Здравко Јосифовски.

Посочува дека нивните континуирани настојувања за изготвување на посебни неселективни сет мерки наменети исклучиво за угостителската индустрија со кои реално ќе се помогне и финансиски поддржат угостителите не вродија реултати и разбирање кај Владата.

-Факт е и дека Владата мора да размислува ваквиот модел на мерки да биде променет доколку сака и има желба реално и вистински да им помогне на угостителите и угостителската индустрија. Можеби прифаќањето на моделот на директна неповратна финансиска помош за рестарт на угостителската индустрија кои некои земји од соседството веќе го применија е повеќе сериозен и прифатлив за целокупната угостителска индустрија со кој на некој начин може реално и директно да се интервенира кај угостителите во покривање на трошоците, загубите и штетите што ги имаа за време на време на пандемијата со Ковид-19, смета Јосифовски.

Според него новата владина мерка со која се забранува работата на угостителските објекти е во ред, но истата не само што е задоцнета, туку е и прекратка и повторно селективна.Вели, Ако Владата смета дека како резултат на забраната во моментов ќе се надмине проблемот со зголемениот број заболени тогаш и препорачуваат да донесе одлука со која мерката ќе трае месец – два наместо 2 недели за кој период Комисијата за заразни болести ќе има време и можности да изготви нови унифицирани препораки и протоколи на работа за целокупната угостителска индустрија со што по завршувањето на истата летниот период ќе можат да работат сите угостители од постојните угостителски сектори.

-Факт е дека со секоја забрана, ограничување на работно време за работа на угостителски објекти, несоодветни протоколи за работа се нанесува од ден во ден непоправлива штета и огромна финансиска загуба на угостителите и угостителската индустрија. Дел од нашите колеги не ги издржаа овие услови на “не”работење и беа приморани пермаментно – трајно да ги затворат своите локали. Останатите се веќе толку задолжени со обврски кон добавувачи, по основ на кредити или по основ на плати што не ја гледаат светлата иднина во скоро време. За разлика од минатите мерки кога не само што препорачувавме угостителите да вложат напори да на секој начин ги задржат во што поголем број своите вработени, овој пат се донесени до работ на опстанокот многумина наместо рационализација ќе се одлучат договорно со вработените да ги раскинат работните односи. Причината не е само што ветените мерки за субвенции од претходните пакети доцнат со месеци, многу поголем проблем претставува што угостителите веќе немаат можности и начини да се задолжуваат за да на некој начин ги премостат или одложат финансиските проблеми во кои се наоѓаат, со што можат да се доведат до многу полоша работа од договорно отпуштање е задржување на вработените ,а неможноста на неисплаќање на плати и создавање на непотребни проблеми, посочува претседателот на НУК.

По однос на најавите од министерот за економија за грантови за угостителите, чиј модел е направен, а ќе следи дополнителна консултација со секторот, Јосифовски истакнува дека се затекнати и не се консултирани.

-Ние како комора на ваква средба или средби ниту сме учествувале ниту сме биле консултирани на било кој начин за реални предлози и потреби на угостителите и угостителската индустрија.Вистината е и таа дека до овој момент не сме контактирани ниту за најавените дополнителни средби за консултации со нашиот сектор, посочува Јосифовски за Курир.

Коронавирус