сабота, 15. мај 2021. Вести денес: 60
home Економија

ИВАП пак на протест пред Влада: Никој не покажа подготвеност за надминување на проблемите, може им се допаѓа музиката која ја пуштаме па сакаат да продолжиме

ИВАП пак на протест пред Влада: Никој не покажа подготвеност за надминување на проблемите, може им се допаѓа музиката која ја пуштаме па сакаат да продолжиме

Претставниците на секторот за организација на настани и денес ги продолжуваат протестите пред Влада од 12 до 15 часот.

-Досега никој не нé контактираше ниту пак некој покажа подготвеност за надминување или решавање на ситуацијата. Можеби им се допаѓа музиката која ја пуштаме па сакаат да продолжиме. Инаку, ИВАП е членка на Паневропската Алијанса LiveCom Alliance, во која членуваат речиси сите европски држави, и ќе биде известена за третманот кон оваа значајна општествена гранка. Преку Алијансата нашиот апел ќе стигне до Брисел каде ивент индустријата беше препознаена уште минатата година и соодветно помогната, велат од ИВАП.

Тие протестираат веќе трет ден пред Владата. Истакнаа дека нивните компании се пред колапс со над 62 проценти пад на прометот.

Коронавирус