вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 19
home Економија

Исени: Владата докажа дека нема капацитет за реализација на капиталните инвестиции

Исени: Владата докажа дека нема капацитет за реализација на капиталните инвестиции

Длирон Исени од Северо-западната стопанска комора на Македонија, во изјава за новинската агенција “журнал.мк“, вели дека актуелната Влада докажа дека нема капацитет ниту за планирање ниту пак за реализирање на капиталните инвестиции.

– Актуелната Влада докажа дека во капитални инвестиции има низок капацитет, како во аспект на планирање така и во аспект на реализација на капитални проекти. До крајот на септември имаме потрошено некаде околу 135 милиони евра, ште е отприлика 30% од планираните капитални инвестиции. Овој тренд за жал ќе продолжи и во иднина поради тоа што имаме предвремени парламентарни избори, истакна Исени.
Тој исто така се пожали и дека постои огромен јаз на условите во кои делуваат компаниите во економските зони со компаниите работат во технолошко индустриските зони. Како главен проблем, Исени, овде ја посочи патната инфраструктура.

Тој вели дека во економските зони патната инфраструктура е многу лоша и дека во неа воопшто и не се инвестира, за разлика од технолошко индустриските развојни зони.

Коронавирус