недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 8
home Економија

Индустриското производство во ноември со пад од четири отсто, за 11 месеци годинава пониско за 10,6 отсто

Индустриското производство во ноември со пад од четири отсто, за 11 месеци годинава пониско за 10,6 отсто

Индустриското производство во ноември 2020 година бележи пад од 4 отсто во односна ноември лани, а во периодот јануари-ноември 2020 во однос на тој период 2019 година има намалување од 10,6 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, бележи пораст од 8,7 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6,2 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 0,1 отсто.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на тутунски производи, Производство на облека, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место.

Според главните индустриски групи, производството во ноември 2020 година, во однос на ноември 2019 година, бележи опаѓање кајТрајни производи за широка потрошувачка за 33,4 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 14,8 отсто, додека пораст бележи кај Енергија за 3,5 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 4 отсто и Капитални производи за 0,8 отсто.

Коронавирус