четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Економија

Индустријата што ги храни граѓаните заборавена!

Индустријата што ги храни граѓаните заборавена!

Цените на прехрамбените проодукти забрзано растат, граѓаните поради пандемијата ги губат работните места и сѐ потешко ги издржуваат ценовните шокови. Минималните трошоци за едно четирчлено семејство во Македонија според пресметките на ССМ во март изнесувале 33.772 денари што е зголемување од 122 денари во споредба со јануари и 70 денари во однос на февруари, а ваквиот тренд на зголемување на трошоците според сите предвидувања се очекува и понатаму да расте.

Поразително е тоа што овие трошоци не може да се покријат една просечна плата која во јануари изнесувала 28.282 денари, а вредноста на синдикалната кошничка истиот месец изнесувала 33.650 денари што е за 5.378 денари повисока од просечната плата.

Во последниот период, драстично се зголеми цената на маслото за јадење. Неговата цена порасна за над 30%. Сега, килограм зејтин се продава по над 110 денари

Во последно време за цели 30% се зголеми цената на маслото за јадење кое сега се продава по 110 денари, а рекордно поскапување од дури од 20 до 40% најавуваат и од месната индустрија доколку Владата не ги врати старите квоти за замрзнато свинско месо ослободување од царина на месо за преработка и вклучување на индустријата во 6-тиот пакет мерки. Тие тврдат дека до Велигден ќе може да издржат без помош, но по празниците ќе следат драстични поскапувања на месните производи.

Но од владата немаат слух за прехрамбената индустрија чии загуби директно се рефлектираат врз цените на прехрамбените продукти кои секојдневно растат и стануваат неиздржливи за граѓаните и носи селективни и задоцнети пакети мерки кои не им помагаат на најпогодените сектори.

Ваквите негативни ефекти продолжуваат да се продлабочуваат и поради лошата динамика на процесот на имунизација и неспособноста на владата да се обезбедат вакцини кои ќе значат отворање и закрепнување на економијата. Последиците од немањето вакцини според предвидувањата допрва ќе почнат да се осеќаат, а ќе биде уште полошо доколку и во наредните месеци владата не успее да обезбеди некоја по значителна количина на вакцини.

Коронавирус