петок, 25. септември 2020. Вести денес: 104
home Економија

Хоџа: Мерките не се експедитивни, се носат на спор начин, малите и средните препријатија се на ивица на пропаст

Хоџа: Мерките не се експедитивни, се носат на спор начин, малите и средните препријатија се на ивица на пропаст

Неби Хоџа претседател на Комората на Северозападна Македонија на денешната Топ Тема на Телма телевизија во која гостуваше и премиерот Спасовски, а во врска со новиот сет на мерки на владата, истакна дека компаниите не се задоволни и дека само 33 % од компаниите функционираат нормално, 65% функционираат со скратен капацитет, со редуцирано раборно време.

Околку бројот на вработени 50 % функционираат со ист број на вработени, другиот дел со скратен број на вработени, но имаме и затворени компании.

Тој вели дека тие како Стопанска комора по неколкуте состаноци во владата, мерките кои се сега усовоени не се на задоволството на стопанствениците.

-Мерките не се донесуваат експедитивно, се носат спор начин, а бизнисот очекува побрзи реакциии од страна на владата, вели Хоџа.

Спасовски негираше дека мерките и реакциите од владата се спори, и вели дека сите, вклучително и компаниите оваа криза треба сите да ја поднесеме на сопствениот грб.

Хоџа истакна дека анализите од секојдневното работење на компаниите е на став да се има појасна слика, дали мерките се анализираат во однос на регионот.

-Ние сме затечени со компании коишто се во тешка ситуација ние во регионот заостануваме со мерки, а во Албанија и Косово пример мерките коишто таму се донесени се на повисоко ниво во однос на одржување на ликвидноста на компаните, особено малите и средните компании кои морам да кажам дека се на ивица на пропаст, и мора да се одржуваат ликвидни, прашањето е колку државата има моќ и финансии да го користи буџетот за да се одржат компаниите, вели Хоџа.

Тој вели од друга страна има компании кои имаат долгови од страна на државните институции било побарано прво тие да се расчистат.

Ние не бараме поклон бараме краткотрајна помош ,затоа што ако рачунаме дека 80 % од вкупниот број на компании се мали компании, односо од 1 до 10 вработени и те како придонесуваат во економијата на државата, и со ваков вид краткотрајна помош би се вратиле во функционирање.

Коронавирус