среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 102
home Економија

Грковски: Тешко дека ќе се постигне економски раст од 3, 8 % кој го проектира владата за 2020 година

Грковски: Тешко дека ќе се постигне економски раст од 3, 8 % кој го проектира владата за 2020 година

Во денешната емисија „Што не е јасно“ на телевизија Алфа гостуваше Ѓорѓи Грковски од Сојузот на стопански комори според кој има малку економски показатели дека ќе се достигне раст од 3, 8 % за 2020 година.

Имено, Грковски истакна дека ако се земе во предвид големиот пад на капиталните инвестиции јасно е дека во наредната година не може да се очекуваат високи стапки на раст како 3, 8 %.

Тој исто така додаде дека мора да се земе во обѕир и фактот дека закажани се избори на пролет наредната година и дека компаниите и бизнис секторот ги имаат овие ризици вкалкулирано во своите планови што значи дека ќе се воздржат од инвестирање во наредниот период и тоа негативно ќе се одрази врз економијата и врз економскиот раст.