среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 103
home Економија

Граѓаните повторно излажани за мерката „Викенд без ДДВ“

Граѓаните повторно излажани за мерката „Викенд без ДДВ“

Граѓаните се повторно излажани со мерката „Викенд без ДДВ“. Оваа мерка беше спроведена  од 9-ти до 11-ти октомври, а најавите за исплата насредствата од ова мерка требаше да се исплатат во рок од 15 дена од денот на скенираните сметки.

Иако поминаа повеќе од 15 дена од последниот ден од скенирање на сметки, граѓаните сеуште немаат никакви средства. 

-За време на викендот од 9-ти до 11-ти октомври скенирав сметки за кои поврат добив околу 350 денари. Иако поминаа повеќе од две недели од тогаш сеуште немам добиено ништо на мојата трансакциска сметка,а според најавите до сега требаше да ни бидат исплатени, вели граѓанин кој скенирал сметки. 

По многуте реакции од страна на граѓаните за неисплаќањето на ова што е ветено од Управата ја јавни приходи се огласија со соопштение каде посочуваат  дека Собранието прво треба да го усвои ребалансот на Буџетот за 2020, а веднаш потоа на сметките на граѓаните ќе им биде исплатенповратот на данокот од „Викенд без ДДВ“
Станува збор за мерка од четвртиот пакет и за тоа прво мора да биде изгласан ребалансот на буџетот во Собранието.Очекуваме тоа да се случи до крајот на неделата. Штом тоа биде изгласано во Собранието, ние можеме да ја направиме исплатата за еден ден, велат од УЈП. 

Премиерот Зоран Заев за повратот на средства за проектот„Викенд без ДДВ“ рече дека ќе се врати многу помала сума од планираната насметките кај граѓаните, затоа што во ек на оваа криза, како што вели тој,граѓаните штедат пари.

– Сиромаштија е, се штедат пари, секој сака да купи само тоа што му треба, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање откако беа објавени бројките. 
 

Коронавирус