вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 167
home Економија

Граѓаните остануваат без работа, а Заев ќе го полни буџетот со повисоки даноци

Граѓаните остануваат без работа, а Заев ќе го полни буџетот со повисоки даноци

Ветуваа живот за сите, подобaр животен стандард пред да дојдат на власт, а повеќе од 4 години откако се на власт граѓаните не видоa ништо добро од власта на СДСМ и Зоран  Заев.

Секојдневно граѓаните се сведоци на високата стапка на сиромаштија, лoш животен стандард од една страна, а од друга страна пак власта секојдневно наоѓа начини како се повеќе да им земе на граѓаните. За тоа доказ е и последната информација каде Заев вчера најави три пати повисок данок за стан или куќа во која не живееш.

-За втор стан, за куќа во која не се живее, или за деловен простор што не се користи, данокот на имот треба да биде поголем за трипати во однос на просторот кој се користи. Во него ставаме трипати повисок данок на имот за сите што имаат втор стан, трета куќа, деловен простор, сѐ што не е искористено, пред сѐ од државата, најави премиерот Зоран Заев во интервју за Дојче веле, посочувајќи дека наскоро ќе се отвори дебата за измени на Законот за даноци за имот. Имено тој додаде дека законот еднакво ќе важи и за физичките и за правните лица, кои поседуваат имот што не е во функција.

Но, пред да дојдат на власта ветувањата на СДСМ и Заев беа сосема поинакви. Уште во 2013 година Заев ветуваше воведување на праведни даноци за да може да се подобри животот на просечниот граѓанин и на еден начин да се врати средната класа во државата.

Ова е само уште еден доказ дека власта и Заев гледаат по секоја цената да го наполнат буџетот од парите на граѓаните во периодот кога Македонија се соочува со економска и здравствена криза и голем број на граѓани останаа без своите работни места.

Коронавирус