вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 66
home Економија

Граѓаните не ги добија ветените пари за инвертери

Граѓаните не ги добија ветените пари за инвертери

Ветените ваучери од по 1.000 евра за инвертер клими како замена на печките на огревно дрво, не стигнаа до рацете на граѓаните. Парите во висина од 10 милиони евра кои ги обезбеди ЕСМ се префрлени на општините, па сега се чека да започне постапката. Изготвување на програмата по која ќе се спроведува акцијата, потребната документација и начинот на аплицирање е под надлежност на Министерството за животна средина.

„Постапката ќе започне брзо. Имаше некој законски пречки, софверот е готов за аплицирање, мислам дека ќе се создадат и практични услови да може да се објави огласот и Градот Скопје каде што веќе се префрлени парите“, изјави Јани Макрадули- заменик министер за животна средина.

Во една ваква ситуација сè уште не е започната ниту капањата за аплицирање.

„Ние сме во тек на избор на субјект кој ќе ја изработи кампањата, а податоците ќе им бидат дадени од наша страна, од институциите, од Министерството за животна средина и слично“, велат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).

Мерката за субвенционирање на инвертер клими беше најавена од Владата уште есента. Претходната година во неколку пати беше одложувана поради разни причини. Со мерката се предвидуваше првично да се опфатат жителите од најзагадените градови како Скопје, Тетово, Битола и Кичево, а предност да имаат домаќинствата со ниски примања.

ИЗВОР: АЛСАТМ