недела, 27. септември 2020. Вести денес: 9
home Економија

Граѓаните кои сакаат одложување на отплатата на кредитите да се обратат во своите банки, порачуваат од МБА

Граѓаните кои сакаат одложување на отплатата на кредитите да се обратат во своите банки, порачуваат од МБА

Македонската банкарска асоцијација ги потсетува граѓаните кои имаат потреба од втор период на одложена отплата на кредитните обврски да пристапат до својата банка и да побараат да се вклучат во постапка за одложена отплата.

Граѓаните, како што наведуваат, треба да ја информираат својата банка за причините за одложување на отплатата по што барањата ќе бидат соодветно разгледувани и за истите ќе се донесе одлука за која тие ќе бидат известени.

Вториот период на одложена отплата на кредитите на граѓаните погодени од ковид-кризата може да трае до 6 месеци, односно до крајот на март 2021 година.

Граѓаните при променети, подобрени услови ќе можат да побараат од својата банка да се вратат во статус на редовна отплата и пред истекот на периодот од предложените шест месеци.

Детални информации деловните банки и штедилници веќе објавуваат на своите интернет-страници а се достапни и на интернет-страницата на Македонска банкарска асоцијација www.mba.mk. (MИА)

Коронавирус