вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 34
home Економија

Граѓаните изреволтирани: Што се крие зад новиот законот за регистрација на возила со странски регистарски таблички ?

Граѓаните изреволтирани: Што се крие зад новиот законот за регистрација на возила со странски регистарски таблички ?

Министерот за Економија, Крешник Бектеши, неодмна во јавноста излезе со изјава дека се донесува закон за сите странски возила кои што се наоѓаат на територијата на Република Македонија дека ќе имаат можност да платат царина од само 50% од сумата.

Донесувањето на Законот за регистрација на возила со странски регистарски таблици на територијата на Република Македонија, е со цел постојните возила кои се управуваат од страна на сопствениците кои се наоѓаат во територијата на Република Македонија и се со странски регистарски таблици, а се влезени во територијата пред 01. Октомври 2020 година, да им се овозможи да се регистрираат согласно овој закон, со давачки кои се намалуваат за 50% од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи.

Но, реалноста е многу поинаква. Илјадници граѓани почнаа царинска постапка за своите возила каде што се соочуваат со проблеми и никој не им дава објаснување зошто на царина не поминува ни едно возило со намалени давачки на 50% како што ветуваше Министерот Бектеши. Царинските службеници ги праќаат граѓаните да извадат таканаречена „Потврда за сообразност за возилото“ од бирото за метрологија како услов за плаќање на царина на 50% од вкупната сума. Во бирото за метрологија пак на граѓаните им соопштуваат дека таа потврда се издава на веќе царинето возило и не можат да издадат таква потврда.

Во време на пандемија, илјадници граѓани секојдневно чекаат редици по шалтерите на царинските испостави, шпедиции и технички прегледи за да ги платат трошоците за возилата и да си ги регистрираат во Република Македонија.

И покрај донесениот закон, Службен весник на Р.М. бр:305/2020 од 22.12.2020, а кој почна да се применува од 11.01.2021, одговор од никој не добиваат, велат дека сите си ги креваат рамениците и само ги шетаат од институција до институција.

Се поставува прашањето дали и кога ќе се договорат Министерството за екомија со царинската управа и бирото за метрологија. Граѓаните изреволтирани прашуваат каде е проблемот што никој не знае да каже каква е оваа игра, на веќе донесен закон кој е стапен на сила само се префрла „топката“ и се стои во место, никој не превзема одговорност а има и определен рок во законот каде што треба да се заврши оваа предвидена постапка.

ЕУРО 2020

Македонија