среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 181
home Економија

Гошев: Владата носи транспарент „со нас нема стабилни политики и здрави економски калкулации“

Гошев: Владата носи транспарент „со нас нема стабилни политики и здрави економски калкулации“

Поранешниот гувернер на Македонија, Петар Гошев во однос на укинувањето на прогресивниот данок упати остри критики кон владата нарекувајќи ја нестабилна и несериозна, пренесува Локално.мк.

-Владата имала доблес да се корегира и да признае грешка, вакви мерки се транспаренти кои велат, „со нас нема стабилни политики, нема здрави калкулации на компании и на инвеститори. Може преку ноќ било која мерка да се донесе спротивна на било која.“ Како опозоција 11 години тврдеа дека рамниот данок не е добар, а сега го враќаат. Со крвопролевање дојдоа на власт, во тие 11 години тврдеа дека нееднаквоста се шири до невидени размери и конечно кога се направи симболична мерка, тие ја повлекоа, вели Гошев.

Тој и се обрати на совентичката од министерството за финансии, Ивана Станковиќ велејќи и дека се наоѓаат во тешка ситуација во однос на враќање на рамниот данок и дека објаснуваат нешто што не го размислувале, туку им е кажано така да направат.

-Не сте размислувале со министерката дали вака треба да биде даночниот систем, се гледа дека одлуката доаѓа од друго место. Навредлива неправда е некој да бара концепт на оданочување во еднаков обем или иста пропорција со граѓаните, вели Гошев.