понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 66
home Економија

Горивата повторно поскапуваат, ова се новите цени

Горивата повторно поскапуваат, ова се новите цени

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за денар до 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,53 отсто.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за еден денар за литар и ќе изнесуваат 63, односно 54,5 денари.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,5 денари за литар со што ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 65, а Екстра лесното масло за домаќинство за  54,5 денари.

Со одлуката на РКЕ за 1,772 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1  и ќе изнесува 30,823 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена и тоа кај бензинот во просек за околу 5,708 отсто и кај дизелот за околу 4,285 отсто, како и за 0,845 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Коронавирус