Економија нови цени

Горивата поевтинуваат од полноќ

Горивата поевтинуваат од полноќ

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар за литар, а цената на дизел горивата се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,19 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 77 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 73,5, а Екстра лесното масло за горење ЕЛ-1) за 73 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,839 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,236 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,085 отсто, кај дизелот за 2,120, кај екстра лесното масло 2,043 и кај мазутот за 1,589 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,869 отсто.

To top