недела, 18. август 2019. Вести денес: 66
home Економија

Големите плати во Македонски Навигации станаа уште поголеми

Големите плати во Македонски Навигации станаа уште поголеми

Ревидираниот извештај на „Македонски Навигации“ за 2018 уште еднаш покажа дека ова друштво во државна сопственост кое го контролира воздушниот сообраќај е едно од местата каде што се заработуваат најголемите плати во Македонија,а згора на тоа доходите и другите трошоци за вработените за една година се зголемиле за нешто повеќе од милион евра, пишува Фактор.

Во билансот на М-Нав за трошоците за плати и други лични примања се наведени трошоци од 698 милиони денари, односно 11,5 милиони евра. Претходната 2017-та исплатата на приходите била 635 милиони денари. Тоа значи дека во прашање е разлика од нешто повеќе од еден милион евра за компанија со околу 300-тини вработени. Само во делот на нето-плати разликата е 42 милиони денари. Тоа значи дека во просек за секој вработен се исплаќа личен доход од околу 3.000 евра.

Во претходните неколку години немаше радикално зголемување на најголемиот трошок на „Македонски навигации“ и исплатените плати, придонеси, даноци, дневници и патни трошоци се движеа блиску над границата од 10 милиони евра. Од таму објаснуваат дека зголемените издатоци за плати последната година се должи на тоа што на работа во М-Нав се примени дополнителни работници.