сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 48
home Економија

„Гересхајмер“ ја отвора фабриката а ќе даде ли повисоки плати како што се најавуваше?

„Гересхајмер“ ја отвора фабриката а ќе даде ли повисоки плати како што се најавуваше?

Високи владини претставници на чело со претседателот на Владата Зоран Заев денес ќе бидат присутни на отворањето на фабрика која ќе произведува медицинско стакло за фармацевтската и здравствената индустрија.

Станува збор за германската компанија „Гересхајмер“ со првиот инвестициски циклус во државава кој стартуваше во 2019 и според најавите ќе трае пет години.

Дел од делегацијата која ќе присуствува на свеченото отворање ќе биде и министерот за здравство Венко Филипче, Бектеши, Битиќи како и Јован Деспотовски.

Според кажаното од Заев, оваа компанија планира и втор инвестициски циклус во Македонија кој ќе биде најголемиот досега.

Германскиот инвеститор „Гересхајмер“ за производство на медицинска пластика го означи стартот на изградбата на својата фабрика во зоната Бунарџик во Скопје во октомври 2019.

Премиерот Зоран Заев тогаш наведе дека овој инвеститор ќе го гради капацитетот до крајот на првата половина од 2020, а на почетокот од втората фаза од истата година ќе започне производството. Додаде дека инвеститорот уште сега најавува проширување на инвестицијата и вработување на високостручни профили.

– Инвестицијата ќе се простира на 12.500 метри квадратни. Првите проценки се 400 работни места. Зоната е едно големо градилиште, има 12 нови фабрики. По план треба да има тука вкупно 4.300 работни места. По потпишувањето на протоколот за членство на НАТО пристигна и веста дека „Гересхајмер“ донеле одлука да инвестираат во Македонија. Остваривме рекордна вредност на странски директни инвестиции, работиме на индустријализација со високи технологии и добри платени работни места. Ќе забрзаме во фаќањето приклучок со развиените земји, а младите да го планираат својот живот дома. Инвеститори како „Гересхајмер“ го креваат имиџот на нашата земја и носат повисоки плати, рече тогаш Заев.

Коронавирус