понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 0
home Економија

Форум „Како да се подобри бизнис опкружувањето во Македонија“

Форум „Како да се подобри бизнис опкружувањето во Македонија“

Форум на тема „Како да се подобри бизнис опкружувањето во Македонија – општествени и економски промени“ ќе се одржи денеска во Битола.

Ќе се дискутира на теми поврзани со даноците и работните односи, кои се специфични за секторот на информатички и комуникациски технологии. Конкретно, за даночната регулатива (Данок на додадена вредност, Данок од добивка, Персонален данок) и работната сила, односно зголемување на обемот на достапна ИКТ работна сила, планирање и регрутација на работна сила, доквалификација и преквалификација на кадар.

Форумот го организира Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ во рамки на проектот на УСАИД – „Партнерство за подобра бизнис регулатива“. Тоа е четиригодишен проект финансиран од УСАИД Македонија, имплементиран од ЕПИ Центар Интернационал во соработка со МАСИТ, Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северо-Западна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.

(Миа)

Коронавирус