недела, 22. јули 2018. Вести денес: 58
home Економија

Фирмата на Кочо Анѓушев држи половина од пазарот на струја во Македонија

Фирмата на Кочо Анѓушев држи половина од пазарот на струја во Македонија

Koмпанијата ЕДС во сопственост на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев го држи речиси половина од пазарот на продажба на електрична енергија на приватните субјекти и индустриски постројки во Република Македонија.

Според сајтот emagazin.mk од 17 активни снабдувачи, трговци во 2017 година оваа компанија е на првото место со дури 49,06% од пазарното учество. Само за споредба, втората компанија ЕВН Снабдување има учество во позарот од 26,83% .

Инаку моментално компанијата на Анѓушев е во фаза на продажба на грчкото електростопанство што случајно или не се поклопува во време кога владата предводена од СДСМ води тешки преговори со Грција во врска со уставното на име на Република Македонија.