четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 63
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Економија

Финансиерката пак се правда – процедура била, не забрана?!

Финансиерката пак се правда – процедура била, не забрана?!
Нина Ангелевска (ФОТО МИА)

Министерката за финансии, Нина „Групер“ Ангеловска и натаму се правда дека не дала забрана, туку се работело за „процедура“.

Пред новинарите, на нивна провладина провокација „дали има опструкции“ од заменичката Димитриеска-Кочоска, Ангеловска изјави дека обидот, еден меил испратен од кабинет кој содржи процедура за работа, да се претставел како завера, не бил ништо повеќе од обид за политичко поентирање.

– На оваа позиција дојдов без никаков багаж. Немам ни црвени, ни розови, ни црни очила и немам што да кријам. Тоа го покажуваат и моите заложби за транспарентност, вели Ангеловска, која со несмалено темпо ја продолжува прикаската во која секој министер на СДСМ постојано тврди дека се транспарентни, на што експертите велат дека се транспарентно проѕирни.

Ангеловска не ја ни демантира Димитриеска-Кочоска за загубите во буџетот, кои до денеска ги криеја, туку го изврти одговорот. Не негира дека согласно реализацијата на данокот на добивка имаме 24,5 проценти пад на данокот на добивка во однос на планираниот, односно имаме 21,7 проценти помала оствареност во однос на 2018 година. Таа како одговор вели дека податоците не биле тајна?!

– Граѓаните можат да ја користат и алатката со која се гледа реализацијата на капиталните расходи од сите буџетски корисници, а во тек е изработка на нова алатка за транспарентност и отчетност која се однесува на јавниот долг и со која јавноста ќе може прецизно да го гледа секое евро задолжување или раздолжување, како и намената за која е потрошено, соопшти министерката.

Втор ден, правата „финансиерка“ која доаѓа од палтформата „Групер“ неуспешно се правда околу дописот со кој на вработените во финасии им забрани да комуниуцираат со нејзината заменичка, преседан кој првпат се случува во функционирањето на македонска техничка влада.