среда, 22. мај 2019. Вести денес: 4
home Економија

Европа ги фрла, ние ги купуваме ако алва- во Македонија зголемен увозот на дизел возилата под евро 5 еко стандард

Европа ги фрла, ние ги купуваме ако алва- во Македонија зголемен увозот на дизел возилата под евро 5 еко стандард

Во период кога во Европа е во тек голема чистка на дизел возилата кои се под „евро 5“ еко- стандардот, кај нас се забележува зголемен увоз на половни автомобили со ваков тип на погон, пишува Фактор.

Според последните анализи на Царинската управа на Македонија во земјава за првите девет месеци годинава, односно до први октомври, се увезени вкупно 25.401 патнички автомобили од кои што 21.069 се половни, а 4.332 се нови возила. Дека најголем дел од овие возила се со дизел мотор, покажува најобична прошетка по авто- плацовите за продажба на увезени користени автомобили . При тоа, може да се види дека станува збор за модели кои се под удар на строгото европско законодавство за квалитетот на воздухот.

На овој феномен, надлежните треба што поскоро да се одговорат со соодветни мерки и стратегија за обнова на возниот парк затоа што веќе сме преплавени со возила од западните авто- депонии. Ова е тема за која треба што почесто и постојано да се дискутира, а не да се отвара само пред почетокот на зимските денови кога загаденоста на воздухот е повидлива и достигнува ниво на елементарна катастрофа.

Спротивно од Македонија, во Европа дизелот повеќе не е во мода. Од година во година се регистрира голем пад на продажбата на дизелвозила поради засилените мерки за заштита на животната средина. Само во првата половина од годинава, продажбата на автомобили со дизел мотори во Европа е драстично намалена, односно падназа 16 отсто споредено со претходната година. Во Германија, матичната земја на најголемите светски производители на дизел-автомобили, уделот во продажбата на дизелвозила е помал за 31,1 отсто од вкупно продадените автомобила.Сериозен пад е забележан во Велика Британија каде што се продадени дури 30 отсто помалку дизелвозила во споредба со истиот период лани. Многу од големите европски градовивоведоа забрана за возење на дизел-автомобили по најпрометните улици.

И додека германската влада на сопствениците на овие автомобили им нуди две опци: субвенции за замена старо за ново или пак надградба на хардверот за контрола на емисиите на штетни гасови, македонските возачи тешко се откажуваат од половните дизел автомобили. Причината е едноставна, за 2.000- 3.000 евра може да се набави солидно возило старо десетина години, кое нема друга маана „освен“ што го загадува воздухот. Од друга страна за купување на нов автомобил, и тоа од најниска класа, потребно е да се издвојат најмалку 10.000 евра, а овој износ е сериозен издаток за едно просечно македонско семејство.

Анализата на статистичките бројки покажува загрижувачки нагорен тренд на бројот на дизел- автомобили, од кои најголем дел се половни возила донесени од странство. Односно, бројот на дизелашите во 2015 година е дуплиран во споредба со нивниот број во 2011 година, кога тој изнесувал 85.426 возила. Според последните достапни податоци од Државниот завод за статистика, кои се однесуваат на 2105 година, во земјава се регистрирани 383.833 автомобили. Најголем дел или 209.122 се бензинци, а 163.038 се со дизел мотор и уште 744 возат на мешавина или речиси половина од возниот парк. Уред за погон на авто- гас имале вградено 10.896 автомобили, а 33 од регистрираните биле хибридни и електрични возила.

Уште еден неповолен податок е старосната структура на авто- паркот. Постари од 10 години се 79,4 отсто од автомобилите во земјава, или околу 305.000 возила. На нашите патишта има малку нови возила, околу 6.000 возила се помлади од две години, што изнесува 1,6 отсто во однос на 384 илјади патнички моторни возила, колку што биле вкупно регистрирани на крајот од 2015 година.

Извор: Фактор