среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Економија

Еуромакс: Правдата ќе ја бараме на Меѓународен суд

Еуромакс: Правдата ќе ја бараме на Меѓународен суд

Компанијата „Еуромакс ресорсис“ сметаат дека владината одлука еднострано да го раскине договорот за концесија на рудникот Иловица е политичка одлука. Најавија дека правадата ќе ја бараат пред домашните и меѓународните судови.

„Ова е политичка одлука што е во спротивност со официјални изјави на Владата, дадени во јавноста неодамна како и во последните неколку денови, дека тие чекаат Управниот суд да донесе одлука за ова прашање. Одлуката ова прашање да се реши од страна на администрацијата, во период додека судството го разгледува, сериозно го доведува во прашање владеењето на правото во Македонија“.

Канаѓаните дополнуваат дела на 1 октомври, најавиле оти опцијата за меѓународна арбитража останува отворена а сега велат можеме да потврдиме дека Еуромакс назначи меѓународна адвокатска фирма да се подготви за таквиот исход. Покрај нашата силна правна позиција во рамките на РС Македонија, убедени сме дека Еуромакс има силни аргументи за меѓународна заштита на инвеститорите, а Владата на РС Македонија треба да биде сигурна дека компанијата е подготвена да ги исцрпи сите домашни и меѓународни правни лекови.

Како причина за својата одлука Владата наведе дека концесионерот Еуромакс Ресорсис не доставиле комплетна документација.

Коронавирус