понеделник, 20. август 2018. Вести денес: 48
home Економија

Eнормно задолжување! Експертите стравуваат дека Владата ќе ја премине критичната граница

Eнормно задолжување! Експертите стравуваат дека Владата ќе ја премине критичната граница

Во изјава за 24 вести Никола Поповски вели дека доколку владата продолжи со досегашното темпо на задолжување големи се ризиците јавниот долг да се зголеми на 56 % што е критично за економија како што е македонската, објави порталот Економски.

Имено, Поповски смета дека треба да се направи ревизија и да се намали динамиката и темпото на задолжување посебно заради тоа што има ризици односно еден од нив е дека економскиот раст за 2000-2021 е некаде околу 4-5 % годишно. Тој смета доколку не се оствари тој раст на БДП а паралелно се оствари дефицитот и задолжувањата кои се предвидени јавниот долг би достигнал 56% од БДП што е екстремно критично ниво.

Исто така според него загрижувачки е и високиот лимит на задолжување што Македонија за прв пат го дефинира во процент.

„Подигањето на максималното ниво на 60% што е на границата на еврозоната, за Македонија е направено како наш таргет. Ние сме средно развиена земја , а државите во еврозоната се сите високо развиени со мали исклучоци и не знам дали е можно тоа темпо ние да гоп издржиме, да го стигнеме до 60%.“ – вели Поповски.

Оваа загриженост доаѓа поради фактот што Министерството за финансии во наредните три години планира рекорно ниво на задолжување. Така во фискалната стратегија што Владата веќе ја усвои стои дека јавниот долг во 2020 година ќе изнесува 54,8% од БДП, што е за над 7 процентни поени повеќе од лани, кога Македонија имаше долг од 4,7 милијарди евра.

Инаку, реализацијата на капиталните проекти во првите три месеци од годината е само 7,4%. Од Владата велат дека ќе притискаат до крајот на годината да се направи најмалку 80% од планираното.

Токму поради слабата реализација на капиталните проекти на оваа влада постои загриженост кај економистите и експертската јавност за економската состојба на државата. Доколку се продолжи со вака лошото темпо на реализација на капиталните инвестиции кои го движат градежништвото и сите стопански гранки постои огромна можност во потфрлање на реализацијата на поектираниот БДП. Последователно на тоа јавниот долг на Македонија би пораснал и до 56 % доколку не се реалзираат проекцииите на БДП а земјата ги направи задолжувањата кои од сега се планирани. Експертите сметаат дека ова е опасен пат посебно ако се земе во обзир фактот дека Македонија лани имаше најслаб раст на БДП во Европа и регионот од 0 %.