вторник, 11. август 2020. Вести денес: 107
home Економија

Екстра лесното масло за домаќинствата прв пат во историја на РМ го „стигна“ Еуродизелот!

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголеми за 0,50 денар/литар и од денеска изнесува 52,50 ден/лит. Претходеше и негово зголемување на акцизата, што значајно ја зголемува цената на греење на нафта за домаќинствата и установите кои го користат.

Од ноќеска на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намали за 0,50 денар/литар и изнесува 60,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останаа на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од минатата недела (29.06.2020 година).

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголеми за 0,156 ден/кг и изнесува 25,980 ден/кг.

Од денеска максималните цени на нафтените деривати изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 60,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 63,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 52,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 52,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 25,980 (денари/килограм

Коронавирус