четврток, 26. април 2018. Вести денес: 33
home Економија

Економско фијаско: Пад на проектираниот раст на БДП од 3,2 на 2,3 проценти, Македонија со најлоша прогноза од земјите на Западен Балкан

Покрај падот на проекциите за раст, Македонија има и најниска прогноза за растот на БДП од сите држави на Западен Балкан. За Албанија има проектиран раст 3.6 проценти, за Босна и Херцеговина 3.2 проценти, за Косово 4.8, за Црна Гора проектиран е раст од 2.8 проценти, додека пак за Србија проектираниот раст е 3 проценти.
Економско фијаско: Пад на проектираниот раст на БДП од 3,2 на 2,3 проценти, Македонија со најлоша прогноза од земјите на Западен Балкан

За само три месеци пад од скоро еден процент на проекциите за раст на БДП на Република Македонија. Во извештајот кој денеска беше презентиран се објавува пад на проекцијата на Светска банка за раст на БДП во Македонија, во однос на проекцијата која нашата земја ја имаше во јануари оваа година.

Проекцијата на Светска банка за раст на БДП на Македонија во јануари оваа година изнесуваше 3,2 проценти, додека во пролетниот извештај таа е намалена на 2,3 проценти.

Покрај падот на проекциите за раст, Македонија има и најниска прогноза за растот на БДП од сите држави на Западен Балкан. За Албанија има проектиран раст 3.6 проценти, за Босна и Херцеговина 3.2 проценти, за Косово 4.8, за Црна Гора проектиран е раст од 2.8 проценти, додека пак за Србија проектираниот раст е 3 проценти.

Ова е уште еден доказ за катастрофалните политики на власта предводена од СДСМ и Зоран Заев, политики за кои веќе подолго време обвинува и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Претседателот на партијата во гостувањето на телевизија Телма на трети април беше дециден дека оваа Влада направила економско цунами во државата.

– Пред некој ден прочитав дека се фалат имале зголемени приходи во Буџетот и точно е околу 25 милиони евра имаат зголемени приходи во првите два месеци, споредено со истиот период минатата година. Но каде е вистината? 30 милиони имаат зголемени приходи во делот на персонален данок на доход и акциза. Тоа значи дека вештачки ја поткренаа минималната плата, притоа не ја зголемија продуктивноста. Бидејќи гледаме дека БДП ни е нула економијата, ни е нула, не се зголеми, а се зголеми платата. Прашањето е како  тоа се случува, вели Мицкоски.

Мицкоски во гостувањето на Телма праша и како може да има државата раст ако нема проекти, ако не се креираат нови работни места. Во извештајот на Светската банка беше прецизирано дека Македонија во 2017 година била добра на полето на креирање работни места, но најголем дел од нив во првата половина, во услови на политичка криза, а не во периодот откако е СДСМ на власт.

-Како сакате да имате раст на економијата ако немате проекти, ако немате идеја, ако не креирате нови работни места ако немате трудова инвазивност на компаниите. Како ќе ја стимулирате сопствената економија до фантастични 5 % што ги ветувате пред неколку месеци порано ако вие самите не може да генерирате проект, вели Мицкоски.

Инаку, во извештајот на Светска банка објавено е дека Македонија нема никаков раст на БДП, иако министерот за финансии првично најави дека растот ќе биде 2.2 проценти, а подоцна Владата истиот го ревидираше на 1.6 проценти, за на крај државата да нема никаков раст.

Министерот тогаш кажа дека важни се проекциите за 2018 година, а тој кажа дека растот за оваа година бил планиран на 3,2 проценти.

На денешната седница во Собранието, каде што започна расправата за гласање доверба на Владата, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев во своето излагање меѓу друго истакна и дека оваа влада продолжува да спроведува катастрофални економски политики.

-Во недостиг на капацитет и знаење секојдневно носите апсолутно погубни економски политики на штета на сите граѓани на Република Македонија и веќе граѓаните имаат една реченица која почнаа често да си ја употребуваат „Овие луѓе за економија не ги бидува“. Во досегашното владеење успеавте да ја урнисате македонската економија која со години наназад и во услови на економски кризи, бележеше соодветни и големи економски растови. Државата после долги години не бележи раст и тоа е само поради неспособноста на оваа влада, истакна Данев.

Тој посочи дека бројките се немилосрдни и дека во нив е вистината.

-Бројките велат дека во 2017 година Република Македонија има 0 проценти економски раст, за разлика од Република Македонија, Бугарија има 3,6%, Хрватска има 2,8%, да не зборувам за Словенија со 5 проценти или Србија со 1,9 проценти. До само една година, Република Македонија беше водачот на економскиот раст во регионот и во Европа. Во 2015 година, Македонија имала економски раст од 3,9 проценти, додека Бугарија 3,6%. Хрватска имала 2,3 проценти, Србија 0,8%. Ова се факти и од нив нема бегање. Мора да се работи, не треба да се продаваат лажни вистини на граѓаните. Треба да се засукаат ракавите и да се работи, само така доаѓаат резултатите. Поради овие резултати оваа влада е прогласена за најнеспособната и најнеработливата влада во Македонија во овие 27 години, нагласи Данев.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ потенцираше и дека забележан е пад на градежништвото од 48%, државните резерви драматично се намалуваат, а нови инвестиции речиси и да нема.

-Нема покачување на плати, тоа е нормално кога СДСМ е на власт. Нема покачување на пензии, трошоците за живот вртоглаво растат. Граѓаните околу 140 милиони евра помалку потрошиле за разлика од истите периоди во претходните години. Немаат пари луѓето затоа не трошат. Катастрофална економска политика која удира во џебот на секој граѓанин. После долги години на релевантни финансиски листи, Република Македонија бележи невидени падови. Паѓа бизнис климата во Македонија. Република Македонија доживеа вистинско економски цунами за само една година владеење на СДСМ заедно со коалицијата, нагласи Данев.

Тој нагласи дека во 2016 имало 350 милиони евра, а во 2017 година 227 милиони евра што е намалување на 131 милион евра на инвестициите во земјава.

-Ниту инвестираат домашните, ниту странските инвеститори. Затоа што нема поволна инвестициона клима која треба да ја креираат владата и министерствата, потенцираше координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски во гостувањето на Телма на трети април изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е тука за да понуди нова надеж, нова програма, ново утро за Република Македонија.

-И тоа ќе ни биде императив и тоа ќе го гарантираме со лична гаранција. Пред граѓаните ќе излеземе со најдобрата и најквалитетна програма, која што некогаш до сега се појавила во Република Македонија, која ќе се темели на научна анализа и која што ќе одговори на потребите на граѓаните и токму и тоа е мотивот на моите чести посети кои што ги правам изминатиот период, поминав најмалку 18 општини, 18 општински комитети, разговарав со членовите на парртијата, со базата, со симпатизаерите, но и со многу обични граѓани, кои што дел се и поддржувачи на СДСМ, дел од нив се и поддржувачи на некоја друга политичка опција, генерално заедничкиот именител е на сите, дали на прашањето: Животот дојде? Каков живот синко, ваков чемер и јад не било никогаш, рече Мицкоски.