среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 139
home Економија

Економијата ни тоне, инвестиции нема, извозот крахира…

Економијата ни тоне, инвестиции нема, извозот крахира…

На вчерашната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ беше разобличена една од најголемите лаги на Зоран Заев и СДСМ од економска гледна точка.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вчера го разобличи Заев и неговите 5% раст на БДП.

Имено Мицкоски излезе со прецизна анализа во која каже дека, од денот кога се избрани заклучно со третиот квартал растот на БДП не е ни 2.5%.

Мицкоски вчера во својата детална анализа се задржа на катастрофалните политики на Заев и СДСМ, потенцираше дека годината која Зоран Заев ја најавуваше како економска е впрочем една од најтешките и најсиромашна за живот на граѓаните, а за тоа презентираше и детална анализа.

-Минималниот раст кој го имаме сега е заради производството на гасната централа ТЕ-ТО, за која како што кажа имаме многу донеречености како го реализира своето работење. Но она што е аларматно е падот во преработувачката индустрија, која има негативна вредност. Ниту просечната плата, која требаше да биде 30.000 денари е постигната. Ако се спореди првиот квартал во 2018 година, кога разликата во трговската размена извоз-увоз е нешто над 350 милиони евра со првиот квартал од 2019 година ќе забележите дека отприлика таа е иста, но показателот дека економијата оди во погрешна насока се гледа во вториот квартал, кој споредбено 2018 со 2019 година има разлика во извоз со увоз е зголемена за цели 12.4% во корист на увозот. Како поминува времето со СДСМ на власт, така расте разликата помеѓу извозот и увозот, имено во третиот квартал оваа разлика изнесува 34%. Со што извозот има за 34% помала вредност во однос на увозот споредбено 2018 со 2019 година, вели Мицкоски.

Според Мицкоски ова се бројките кои ја покажуваат катастрофата во економија, тоа е показател дека се движиме во погрешна насока, а сето останато е само погрешна слика за економијата.

Кога велат дека блескаме како економија според Мицкоски се работи за политички ПР или за класично незнаење од страна на власта.

На вчерашната прес-конференција Мицкоски потсети и на приши бриши политиките,кога се зголемува, па повторно се намалуваа даноците. Политика која ја бранеа редица поранешни министри за финансии од СДСМ, кои беа пуштени низ вода од Зоран Заев со изговор дека е погрешен чекор, а кое беше единствено ветување од нивната економска програма кое го реализираа.

-Најголемата лага според Мицкоски е ветувањето дека данокот на добивка ќе го за ИТ индустријата ќе го намалат за 5%, што не се случи. Наспротив ветувањата за повластувања за ИТ компаниите, сега имаме одлив на фирми од земјата во странство, кои бегаат од Македонија и формираат свои претставништва во соседните земји, што се гледа преку податокот кој укажува дека додадента вредност во ИТ секторот во вториот квартал од 2019 е намалена за 4.7%, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски го искоментира и буџетот за идната година кој е за 7% поголем од буџетот за оваа година, а кој буџет не може да биде исполнет затоа што до крајот на година ќе фалат пари.

-Катастрофална е и наплатата на данокот на добивка, имено во период јаануари – ноември имаме за цели 23.7% помал од планираниот, односно за 20% од тој кој бил собран во 2018 година. Мицкоски кажа дека тоа што денес Заев ќе го зборува, дека блескаме е всушност еден судир во една слепа улица кон која Зоран Заев ја турка и ја води Македонија.

Па така од овие податоци слободно може да заклучиме дека Македонската економија во моментов е „потоната“, инвестиции нема, а нето извозот крахира.