вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 0
home Економија

Економијата на стаклени нозе- Владата ги задолжи граѓаните за нови 26 милиони евра

Економијата на стаклени нозе- Владата ги задолжи граѓаните за нови 26 милиони евра

Владата продолжува редовно да се задолжува на домашниот пазар. Министерството за финансии вчера одржа аукција на хартии од вредност со која повлече нови 1,6 милијарди денари односно нешто над 26 милиони евра.

Дека долгот вртоглаво расте и ги преминува сите нормални граници зборуваат и официјалните податоци на Светска Банка во чиј извештај беше објавено дека долгот на Македонија ја надминува психолошката граница од над 50 % и новиот извештај од Министерството за финансии во кој јавниот долг пораснал 415 милиони евра во 2018-та година.

Во просек, тоа значи дополнителни нови 200 евра долг по глава на жител, или сега секој Македонец должи 2.570 евра.

Ако на крајот од 2017-та година долгот изнесувал 4,86 милијарди евра, 2018-та година ја завршивме со долг од 5,2 милијарди евра.