среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 0
home Економија

ЕК донесе одлука: Квотите за македонскиот челик остануваат

ЕК донесе одлука: Квотите за македонскиот челик остануваат

Kвотите за извоз на челик и алумуниум во Европската унија oстануваат. Европската комисија одлучи дека ограничувањата кои веќе 10 месеци се во сила ќе продолжат и во следните три години.

Македонските компании веќе се известени за одлуката која ќе почне да се применува од следниот месец.

Владата наведе дека штетите од оваа мерка нема да се одразат на економијата.

Стопанската комора бара производителите на железо и челик да бидат заштитени. Но и другите давачки што фирмите ги имаат кон Унијата да бидат одложени до конечното влегување во европското семејство.

Проценките на производителите се дека годишно Македонија ќе губи најмалку 100 милиони евра.

На удар ќе бидат фабриките за цевки кои пресметаа загуби од 45 милиони евра. Ќе нема пласман за производство од 120 илјади тони, па дел од нив најавија и откази за работниците. Македонските капацитети 70 до 80% од производите ги извезуваат во Унијата со години наназад.