вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 96
home Економија

ДЗС: Пад на извозот од 12,8 и на увозот од 11,5 проценти во периодот јануари – октомври 2020 година

ДЗС: Пад на извозот од 12,8 и на увозот од 11,5 проценти во периодот јануари – октомври 2020 година

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – октомври 2020 година, изнесува 287 004 милиони денари и бележи пад од 12,8 проценти во однос на истиот период од претходната година, додека вредноста на увезената стока, во периодот јануари – октомври 2020 година, изнесува 376 503 милиони денари, што е за 11,5 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2020 година, изнесува 89 499 милиони денари, додека покриеноста на увозот со извоз за овој перид изнесува 76,2 проценти.

– Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, се вели во соопштението до ДЗС.

Според вкупниот обем на надворешнотрговската размена во периодот јануари – октомрви 2020 година земјата најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.

– Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари – октомври 2020 година, изнесува 4 653 милиони евра и бележи пад од 13 проценти во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 105 милиони евра, што е за 11,7 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – октомври 2020 година, изнесува 1 451 милиони евра, информираат од Државниот завод за статистика.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија, во перидот јануари – октомври 2020 година, изнесува 5 285 милиони САД долари и бележи пад од 11,9 проценти во однос на истиот период од претходната година, додека вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 921 милиони САД долари, што е за 10,8 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година. Трговскиот дефицит, во перидот јануари – октомври 2020 година, изнесува 1 635 милиони САД долари.

Коронавирус