среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 171
home Економија

Драстичен пад во туризмот, бројот на странски гости намален за повеќе од 80 проценти

Драстичен пад во туризмот, бројот на странски гости намален за повеќе од 80 проценти

Во првите девет месеци од годинава бројот на туристите е намален за 60,4 отсто. Земјава ја посетиле 83,8 отсто помалку странски гости во однос на периодот јануари ‒ септември 2019, а пад има и кај домашните туристи за 20,7 проценти.

Според Државниот завод за статистика, бројот на ноќевањата во истиот споредбен период е намален за 46,3 отсто – кај домашните туристи за 14,1, а кај странските за 84 проценти.

Бројот на туристите во септември 2020 година бил 44 313 што е намалаување во однос на септември 2019 година за 63,9 отсто, додека бројот на ноќевањата изнесувал 117 118 што е пад за 57,5 проценти. Сепак, бројот на домашните туристи е зголемен за 33,7 отсто, но бројот на странските гости е намален за 92,3 проценти. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2020 година во однос на септември 2019 е зголемен за 26 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 90,9 проценти.

Коронавирус