четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 34
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Економија

Досега 8.000 фирми побарале субвенции за поголеми плати

Досега 8.000 фирми побарале субвенции за поголеми плати

Вкупно 8.000 фирми досега побарале субвенции од државата за зголемени плати на 45.000 вработени, соопшти денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска.

Според Лукаревска, 1.300 работодавачи за 47.000 вработени се уште не го оствариле ова право од технички причини.

– Станува збор за технички грешки кои не се од страната на УЈП, туку од страната на фирмите и очекуваме дека ќе се надминат, рече Лукаревска, одговорајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата за повратот на персоналниот данок за земјоделците.

За октомври и ноември висината на средствата кои треба да ги добијат компаниите е 58 милиони денари, а за декември ќе се знае до крајот на годината.

Владата донесе Закон за субвенционирање придонеси за покачување плати на вработените од 600 до 6.000 денари