сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 0
home Економија

Долгот алармантно расте: Утре Владата ќе се задолжува за нови 10 милиони евра

Долгот алармантно расте: Утре Владата ќе се задолжува за нови 10 милиони евра

Утре Владата ќе се задолжува за нови 620.000.000 денари или огромни 10 милиони евра. Имено, на официјалната страна на Министерството за финансии објавена е аукција на државни хартии од вредност закажана на  02.07.2019 година, анализира порталот ЕКОНОМСКИ.

Задолжувањата енормно растат и според експертите  достигнуваат алармантно ниво.  Додатно, со   слабата реализација на капиталните инвестиции вклучително со месец Мај  кои изнесуваат очајни 13 % економистите велат дека состојбата во економијата не се движи по добар пат.

-Имено, познавачите велат дека енормни задолжувања кои не се пропратени со истата динамика на градење и вложување од страна на државата во капитални проекти може да значи опасност по целокупната економија. Понатаму, јавниот долг на државата континуирано расте односно достигна 50 % од Бруто домашниот производ што според сите финансиски институции  не претставува добар знак. Исто така според проекциите на Светска Банка и ММФ јавниот долг на државата се очекува да порасне и до 53 % од БДП до 2021 година, анализира порталот.

Инаку, Владата лани ветуваше дека 2019 година ќе биде година на економијата и ветуваше инфраструктурен  и инвестициски бум, но ништо од ветеното не се случи.