четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 162
home Економија

„Дојде животот за сите“: За две години поскапување од 30 денари на ЕУРОДИЗЕЛОТ

„Дојде животот за сите“: За две години поскапување од 30 денари на ЕУРОДИЗЕЛОТ

Регулаторната комисија за енергетика денес донесе одлука за ново поскапување на цените на горивата.

Во споредба со 2016 година и денес цената на ЕУРОДИЗЕЛОТ во јануари пред две години изнесувала 39 денари за литар, додека од вечерва истото ќе чини 69 денари за литар.

Покачувањето на цената на ЕУРОДИЗЕЛОТ за не цели две години изнесува дури 30 денари, а тоа е јасен показател за владеењето на СДСМ и Зоран Заев.

Регулаторна комисија за енергетика 15.10.2018

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,00 ден/лит, односно за 1,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.10.2018 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 76,50 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит, односно за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 01.10.2018 година и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 58,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,659 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 01.10.2018 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 38,409 ден/кг.

Регулаторна комисија за енергитика 11.01.2016

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 3,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 11.01.2016 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 57,50 ден/лит, цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 59,50 ден/лит и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 39,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 4,00 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 11.01.2016 година и со тоа цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 27,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,467 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 11.01.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 12,857 ден/кг.

Коронавирус