сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 13
home Економија

„Дојде живот“: Владата ги зголемува придонесите за плата

„Дојде живот“: Владата ги зголемува придонесите за плата

Придонесите на плата ќе се зголемат за 0,5 проценти, а работниците со бенифициран стаж и оние родени до 1 јануари 1967 година ќе имаат можност да се вратат во првиот столб. Ова го предвидива пензиската реформа што ја објави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Според неа, овие мерки се во функција на стабилизација на пензискиот систем и со нив дупката во пензискиот фонд, која изнесува околу 309 милиони евра, треба да се намали за околу 35 милиони евра. Министерката објави дека нема да има замрзнување на пензиите ниту зголемување на старосната граница за пензионирање.

Коронавирус