вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 63
home Економија

Дневната евтина струја би можело да се укине

Дневната евтина струја би можело да се укине

Владата планира да го менува моделот на евтината дневна тарифа на електричната енергија. Се разгледувала опцијата – да се укине евтината тарифа од 14 до 16 часот, и да се доделуваат субвенции за домаќинствата кои имаат проблеми со плаќањето на сметките. Ова го изјави министерот за економија Крешник Бектеши во емисијата Економски магазин која ќе се емитува вечерва во 22 часот на Алсат. Одлуката ќе биде донесена најдоцна до 31 декември. Засега со сигурност останува евтината тарифа на струјата во ноќните часови, од 22 до 7 часот наутро, и 24 часа евтина струја за домаќинствата во недела.

„Разгледуваме две опции, да остане евтината тарифа во текот на денот од 2 до 4 часот или да ја зголемиме помошта за граѓаните кои имаат најмногу потреба и да го смениме моделот, значи, со директен систем на ваучер, средствата да ги трансферираме за потребите на домаќинствата кои ги имаат за да плаќаат сметките кои им доаѓаат за електрична енергија“, рече Крешник Бектеши министер за економија.

Граѓаните се противат на можноста за укинување на евтината струја. Оние кои Алсат ги анкетираше велат дека редовно ја користат оваа поволност и токму во тие два часа ги завршуваат домаќинските работи.

„Јас секојдневно ја користам, од два до четири, исто така и по десет часот. Перам пеглам готвам, мислам дека многу ќе биде трошокот бидејќи јас постојано ја користам евтината струја…“

„Најмногу ја користам навечер но ја користам и преку ден од два до четири. Правам Ручек, пеглам тоа време… “

„Готвиме тоа време, переме, бојлерот работи тоа време, ако се укине ќе плаќаме поскапа струја…

„Како не ја користам, ноќе греам, во тоа време готвам, кој не ја користи, сите ја користат. Ако и ова укинат незнам веќе каде да одиме. Јас да ви кажам гледам по сметката, греење имам на котле и тоа помага преку ден да биде топол станот, па пуштам околу два пак да се стопли“, реагираат граѓаните.

Бектеши ја потврди и информацијата која Алсат ја објави пред две недели дека цената на струјата ќе се зголеми до десет насто. Министерот најави дека псокапувањето ќе биде по Нова година.

Коронавирус