четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Економија

Дизелот поскапува, бензините со иста цена

Дизелот поскапува, бензините со иста цена

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за цените на горивата кои ќе важат од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.04.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.04.2021 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 59,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 58,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,149 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.04.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 34,443 ден/кг.

Коронавирус