петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 152
home Економија

Димитриеска – Кочоска: Зоран Заев знаел за пропаѓањето на банката и не превземал ништо за да ја спаси од пропаст, блокирани се над 100 000 сметки

Димитриеска – Кочоска: Зоран Заев знаел за пропаѓањето на банката и не превземал ништо за да ја спаси од пропаст, блокирани се над 100 000 сметки

Вториот ТАТ, скандалот со банката Еуростандард се продлабочува. Имено Зоран Заев призна дека како премиер имал информации за лошата состојба во банката речиси пред една година. Наспротив ова министерката за финансии Нина Ангеловска изјави дека немала информации за пропаѓањето на банката, изјави на прес конференција Гордана Димитриеска Кочоска, претседател на Комисијата за материјално финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ која додаде:

„Оттука се поставува прашањето кој ја лаже јавноста, Заев кој вели дека имал информации и добивал извештаи, или министерката за финансии која вели дека немала информации а која само месец и половина пред пропаѓањето на банката ги повлекла средствата.

-Зоран Заев е должен да одговори кој му ги давал извештаите за состојбата со банката:
– Дали гуверерката го информирала за банката и по кој основ
– Или министерката за финансии која пак вели дека не знаела за банката иако е дел од Комитетот за финансиска стабилност, подвлекува Димитриеска Кочоска и потенцира:

„Ако Зоран Заев знаел за пропаѓањето на Банката тогаш тој бил и најповикан да ја спаси од пропаст банката во која пропаднаа заштеди и се блокирани над 100 илјади сметки. Со пропаѓањето на банката блокирани се над 50 илјади сметки на пензионери а до сега само 10 илјади луѓе имаат отворено сметка во друга банка и пријавено во фондот за пензиско осигурување.“

-Што ќе се случува со пензионерите кои нема навреме да ја земат својата пензија? Бараме обвинителството и финансиската полиција да отворат случај за пропаѓањето на банката и кој се бил инволвиран во скандалот. Дополнително да се испита зошти нема ревизорски извештај банката за 2019та година и зошто свесно тоа се толерирало. Мора да се дознае кои се институции затаиле со својата работа, заклучи Димитриеска Кочоска.

Коронавирус