среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 184
home Економија

Димитриеска Кочоска: Вториот ребаланс на буџетот е уште еден доказ дека Владата на СДСМ воопшто не се грижи за граѓаните

Димитриеска Кочоска: Вториот ребаланс на буџетот е уште еден доказ дека Владата на СДСМ воопшто не се грижи за граѓаните

Вториот ребаланс на буџетот е уште еден доказ дека Владата на СДСМ воопшто не се грижи за граѓаните и иднината на Македонија. Факт од кој СДСМ не може да избега е дека и првиот и вториот ребаланс на буџетот доцнеа премногу, особено во услови кога имаме пандемија. За тоа нема оправдување, порачува Гордана Димитриеска Кочоска.

Нејзиниот Фејсбук статус го пренесуваме во продолжение:

Во услови на пандемија, ќе тргнам од она што беше најважно, а тоа е здравството. Од почеток зборувавме да се обезбедат пари и да се пренаменат за здравство. Предлагавме бесплатни тестови, маски, опрема за здравство, плати за здравствени работници и сл.

После вториот ребаланс заклучокот е следен: Буџетот на министерството за здравство се врати на истото ниво како во првичниот буџет, односно оваа Влада за 2020 нема да одвои ниту еден денар повеќе од она што го планирала пред пандемијата. Во фондот за здравствено осигурување ситуацијата е иста. Симболично зголемување од 4,9 милиони евра со двата ребаланси. Колку да не биде без ич.

Скокаа за кредитот од Светска банка, а имаа 1,1 милијарда евра за трошење, како никогаш досега во македонската историја на една Влада. Само да потсетиме за предизборен поткуп за да останат во фотелјите потрошија 26 милиони евра за картички, а гледате и сами, за здравство околу 5 милиони евра.

Во однос на мерките во буџетот за целата година (тоа значи сите 4 пакети на мерки) обезбедени се 344 милиони евра, што е 8,4% од буџет тежок 4.112 милиони евра. Да не зборуваме дека абер нема од Законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза…, а веќе платите за октомври треба да се исплаќаат.

Како и да е, важно со Кацарска се занимававме вчера оти за мафијашка влада тоа е најважно. А, за капиталните инвестиции онака во нивен стил ќе одговорам, срце ме боли.

Во периоди кога реализацијата треба да биде на максимално ниво, заклучно со септември, ние не сме ни на половина пат од првиот ребаланс (имаме реализација од скромни 44% или 140 милиони евра и реализација на очајни 36% од првичниот буџет за 2020).

Нема почитувани граѓани ниту изградба, доградба, реконструкција на болници. За друго и да не зборуваме. Само за споредба, тековните трошоци за материјали и ситен инвентар, поправки и тековно одржување и други тековни расходи се 120 милиони евра.

И за крај, иако сум дома будно ја следам состојбата. Ја потсетувам власта дека пред повеќе од еден месец кажав дека приходите со вториот ребаланс нема да се остварат, па колку и да си играат со повратот на ДДВ, колку и да казнуваат за сообраќајни прекршоци и уште какви не казни. Присилно собираат од фирмите, ги ослабнуваат и сето тоа ќе се врати како бумеранг следната година. Блокираат сметки и кај население и кај претпријатија за кои набргу ќе ги видиме и податоците.

Она што е најважно, ќе следам дали поради неостварување на приходите од буџетот Владата конечно ќе ги намали непродуктивните трошења или на крајот на годината и ова ќе падне на грбот на капиталните расходи и нивната реализација ќе биде на историски најниско ниво.

Коронавирус