сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 81
home Економија

Димитриеска Кочоска: Мерките не дадоа ефект, 40.000 луѓе се оставени без работа

Димитриеска Кочоска: Мерките не дадоа ефект, 40.000 луѓе се оставени без работа

Пензионерите неколку пати се на удар од страна на владата и ова сега што владата го прави е компензација за нешто што им одзема. Притоа ги подвои пензионерите бидејќи има пензионери кои што имаат над 15.000 денари, а законските решенија кои што ги носеа во минатото де факто влијае на сите. Почнувајќи од 2018 година го сменија законот за процентот на раст на пензии. Ако се сеќавате пензиите во минатото два пати годишно се корегираа и тоа за процентот на трошоците на живот, тоа е онаа потрошувачка кошничка, и вториот момент беше како резултат на процентот на пораст на просечната плата. И сега тие го тргна пораст на процентот на просечната плата и де факто им скратија на пензионерите, вели Гордана Димитриеска Кочоска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во гостување во утринската програма Добро утро, секое утро, на телевизија Алфа.

Димитриеска Кочоска, додаде дека кризата ќе зазема се поголем замав а трендот на отпуштање на работници ќе продолжи и во наредниот период, бидејќи како што вели таа до сега според Агенцијата за вработување 40.000 луѓе се оставени без работа, а според информации со кои таа располага околу 41.000 лице до 15 септември не земало плата за месец јули.

-Мерките не дадоа ефекти. Ние во моментот имаме 40.000 лица кои што останале без работа. По некои анализи кои се стигнати до мене околу 41.000 лице немаа земено плата за месец јули до 15 септември. Значи овие проблеми ќе се зголемуваат, кризата ќе си го зема својот замав, се повеќе луѓе ќе остануваат без работа, додаде таа.

Коронавирус