четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Економија

Димитриеска-Кочоска: Лицемерно е да се каже “очекувам солидарност од администрацијата”, а во исто време државата да троши немилосрдно

Димитриеска-Кочоска: Лицемерно е да се каже “очекувам солидарност од администрацијата”, а во исто време државата да троши немилосрдно

Фејсбук статус на дополнителната заменичка министерка за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска.

Почитувани,

Не знам која е потребата Владата во континуитет погрешно да ги преставува работите пред граѓаните.

Прво, Министерката за Финансии на денешната прес конференција, кажа дека две недели работеле со Светска Банка на подобрување на мерките за субвенционирање на стопанството. Стопанствениците, особено оние кои користат кредити, јасно знаат што значи поставување на услов при исплата на кредити. Следствено на ова СБ постави услови врз основа на кои ќе оди исплатата. Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на СБ затоа што доколку не беше нивниот услов, добростоечките компании ќе требаше да ги враќаат средствата во 2021 година.

Второ, Цели две недели биле потребни за да може да се усогласи Министерството за Финансии со УЈП, за пронаоѓање на соодветни шифри при аплицирање за мерките. Заради нивната неспособност на 2 дена пред почетокот на аплицирање, фирмите се повторно збунети и во хаос, затоа што усвоените мерки и понатаму трпат одредени промени. Доколку беа поспособни целокупната работа ќе се завршеше за многу пократок период, а фирмите ќе имаа јасна слика. За жал нивната неспособност ја гледаме секој ден, а факт за тоа е дека не постои донесена уредба, која што најмалку еднаш не била изменета.

Трето, не знам од каде во континуитет се појавува потребата зборот кредити, да се заменува со зборот финансиска помош. Секој граѓанин треба да знае дека парите кои ги добиваме треба да се враќаат со одредени рокови и под каматни стапки, кои што финансиските иснтитуции ги одобруваат на Р.М.
Лицемерно е да се каже “очекувам солидарност од администрацијата”, а во исто време државата да троши немилосрдно и како да нема криза.

На 24.03.2020 со официјален допис до министерството за финансии побарав итен ребаланс на буџетот кој што до денес не е направен. Исто така и тука направија извртување на фактите. Уредбите за пренамена на средствата не ја промени вкупната расходна страна на буџетот, туку направи претурање внатре. Се додека нема ребаланс на буџет, институциите ќе трошат немилосрдно.

За крај, сакам да напоменам дека и понатаму не сум вклучена во разговорите, кои ги има МФ со меѓународните финансиски иснтитуции.

Коронавирус